568
Граѓаните кои се незадоволни и протестираат против одлуката на Иванов за општа аболиција во моментов се на стотина метри пред Собранието, бидејќи полициски кородон не им дозволува да се приближат. Демонстрантите им подаваа цвеќиња на полицајците од кордонот, а тие со насмевка ги прифатија.
Претходно Стојанче Ангелов им се обрати и на полицајците и на демонстраните и апелираше протестот да биде мирен и да не дојде до никаков судир, бидејќи сите се на иста страна.