Полициски службеници од Кавадарци денес делеа едукативни флаери на граѓаните, со препораки како да се заштитат од кражби за време на Новогодишната ноќ.
-Криминалците работат и за Нова година – беше пораката што ја пренесоа инспектори од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициската станица од општа надлежност Кавадарци.
Тие советуваат да не се објавуваат фотографии и информации на социјалните мрежи околу тоа каде се слави Новата година, бидејќи со самото тоа им се дава на знаење на крадците дека нечиј дом е празен, па станува потенцијална мета на кражба.
,,Оставете вклучено радио, светло, телевизор, кога ќе излезете од дома. Не оставајте дома вредни предмети, пари, накит и слично. Сите сакаат да се пофалат со фотографија на социјалните мрежи за тоа како прославуваат, но препорачуваме да не се открива локацијата ако домот не ви е заштитен’’ – порача Димитар Каракулев, инспектор по превенција во ПС Кавадарци.
Вики Клинчарова