Ѓорчев за „Фокус“: Сакаме дијалог со СДСМ, но продолжувањето на притворот го отежнува тоа

by fokus

Откако ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да учествува на утрешната седница за пратенички прашања, координаторот на првата пратеничка група на партијата, Влатко Ѓорчев во изјава за „Фокус“ вели дека тие сакаат дијалог и зголемена комуникација со СДСМ и Владата, но за тоа мора да има услови.

-Новиот претседател Мицковски сака да покрене иницијатива за политички дијалог и ние сакаме комуникација со СДСМ, но денешната одлука за продолжување на притворот на 29 граѓани не му помага на дијалогот, туку го отежнува, вели Ѓорчев.

Тој додава дека Владата ја има одговорноста за созадавањето на услови и треба да покаже добра волја.

К.С.

Поврзани новости