524
На граничниот премин Богородица фатила македонски граѓанин кој се обидел нелегално да внесе поголема количина цигари. од Министерството за внатрешни работи соопштија дека обидот за шверц на цигари е откриен при контрола на патничко моторно возило со велешки регистарски ознаки.
„На Граничен премин Богородица, при контрола на патничко возило “опел вектра” со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.М. од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица пронашле и одзеле 272 штеки различни видови цигари без документација со вкупна вредност од околу 300.000 денари“, соопшти МВР.
Од МВР информираат дека за настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Н.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.