На територија на општина Кисела Вода населба Драчево, како што информираат од МВР, во периодот од 16 до 20 часот вчера, санкционирани се вкупно 47 возачи.
Во акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на град Скопје, и тоа во oпштина Илинден и општина Кисела Вода населба Драчево, вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот, санкционирани се 78 возачи, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
На територија на општина Кисела Вода населба Драчево, како што информираат од МВР, во периодот од 16 до 20 часот вчера, санкционирани се вкупно 47 возачи, меѓу кои 14 за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол…
На територија на општина Илинден, во истиот период, санкционирани се вкупно 31 учесник во сообраќајот, од кои осум управувале возило без возачка дозвола, три со измината важност на регистрација на возилото, пет возеле под дејство на алкохол, шест санкции за возач почетник…
Од МВР, информираат дека, продолжуваат со засилените акциски сообраќајни контроли и во наредните денови, и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.