СДСМ: Ние се менуваме, ВМРО останува нереформирана партија

by fokus

СДСМ избра претседател на директни внатрепартиски избори, ВМРО-ДПМНЕ останува нереформирана партија, реагира владејачката партија СДСМ откако вчера Димитар Ковачевски беше избран за нов лидер на партијата, а ВМРО-ДПМНЕ на Конгрес го реизбра Христијан Мицкоски.

-Над 44.000 членови на СДСМ на директни внатрепартиски избори со тајно гласање го избраа новиот претседател на партијата.

Истовремено ВМРО-ДПМНЕ на конгрес каде се однапред се знаеше, со само еден кандидат одлучи да остане истата нереформирана партија. Огромна е разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ се менува, се трансформира, а ВМРО-ДПМНЕ останува иста и нереформирана, се вели во реакцијата на партијата.

Поврзани новости