Полиција која работи по наредба на партијата е минато, им рече Спасовски на кандидатите за полициски службеници

by fokus

Се соочивме со полиција која била под притисок на негативни политички влијанија и партиски наредби. Ова е веќе минато. Ова министерство мора да биде водено од професионалци, чесни и со интегритет и достоинство. Професионалци за кои словото на законот е посилно од моќта на парите и позицијата, порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Центарот за обука во Идризово каде денеска беа промовирани 609 кандидати за полициски службеници.

Министерот Спасовски потенцира дека продолжуваат реформите во полицијата со цел создавање на професионална полиција.

-Моите пораки до вас се многу едноставни. Спроведувајте ги законите на правната држава, штитете ги интересите на граѓаните и државата, примајте наредби од вашите претпоставени. Изминативе неколку месеци работевме на една од реформите на безбедносно-разузнавачките служби. Понудивме решенија со кои ги отстранивме недоследностите и пропустите кои биле направени во минатото. Понудивме и законски решенија за зајакнување на надворешниот независен механизам за контрола над полицијата. Вашата задача е да бидете доследни чувари на правдата и за да бидете успешни мора да бидете истрајни – порача министерот.

 

Поврзани новости