481
17-годишното момче кое беше избодено завчера по полноќ на автобуската постојка „Рекорд“, е во подобра состојба. Хоспитализирано е на одделот за интензивно лекување во Градската општа болница и е во свесна состојба, велат од таму.
Според сведоци на настанот, момчето било нападнато од најмалку три лица. Во болница било примено во шок, бледо и многу искрварено. Поради убодот во стомак, оштетен бил неговиот црн дроб, по што веднаш била извршена операција.
Од полицијата посочуваат дека се работи на случајот, но според неофицијални информации се уште не се најдени хулиганите кои го нападнаа момчето.