И денеска изостана договор за медиумите

by Фокус 21:52
21:52

Политичките партии ни на денешната средба не успеаја да се договорат за Законот за медиумите и за другите прашања поврзани со медиумскиот систем. Денеска на дневен ред биле реформите и регулацијата на МРТ, но немало доближување на ставовите.

Новинарските здруженија денеска повторно ги доставија своите предлози за медиумите. Од Самостојниот синдикат на новинари го доставија и Нацрт колективниот договор за медиумската индустрија , до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по вчерашниот повик од владејачката партија.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Наредната средба на партиите за решавање на ова прашање е закажана за во понеделник, кога се очекува преговорите да се интензивираат за се постигне договор за Законот за медиуми и за МРТ.

Поврзани новости