412
Полицаец и инспектор од Гевгелија им побарале 450 евра на сириски државјани за да им изготват барање за азил кое, според најновите измени на законот, е бесплатно.
Министерството за внатрешни работи информира дека тие, со посредник, телефонски се договориле да им ги направат барањата за азил.
Но, во тој момент на лице место биле фатени од началникот на полициската станица кој пријавил во внатрешна контрола на МВР, при што во соработка со јавно обвинителство им се поднесени соодветни кривични пријави.