Полицаец со пиштол ранил моторциклист бидејќи не сакал да застане

by Фокус

Настанот се случил околу 17 часот, кога двајца млади жители на Радовиш, управувајќи ги своите мотори, не сакале да застанат за да им се изврши сообраќајна контрола. Како што информираат од МВР, наместо да запрат, тие продолжиле да возат, по што полицајците тргнале по нив. Кога полицајците ги пристигнале, и се обиделе да го приведат И.М. тој со рака го удрил едниот полицаец во пределот на лицето и успеал да избега.

„Од страна на полицискиот службеник била издадена наредба „Стој полиција“, но откако лицата не го послушале, од службениот пиштол испукал два предупредувачки куршуми, но истите побегнале“, велат од МВР.

По петнаесетина минути, И.М. побарал лекарска помош во радовишката болница, поради прострелна рана од огнено оружје, во пределот на десната надколеница. Повредениот веднаш бил однесен на лекување Клиничкиот центар во Штип, а неговиот другар кој остана неповреден, бил приведен.

Од МВР информираат дека против полицаецот ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување на општа опасност. Но, со пријава ќе се соочи и повредениот И.Н.

Поврзани новости