ИВЗ: Државата сака да предизвика етничко- верска војна!

by Фокус

Исламската верска заедница, преку писмено соопштение, реагираше против поставувањето на споменикот на Андон Ќосето, додавајќи дека споменикот е поставен над земјиштето на џамијата Јелен Капан во Скопје. Според нив, со поставувањето на такви фигури се затвора вратата на соживотот.
„Со поставувањето на овој убиец во името на некоја идеологија која денес нè води уште еднаш јасно се кажува дека оваа држава се збогувала со соживотот и се обидува со целото нејзино битие да почне етничко-верска војна каде и двете страни ќе бројат жртви, а не бериќет“, пишува во реакцијата од ИВЗ.

Од ИВЗ додаваат дека долго време го барале узурпираното земјиште на џамијата, но секогаш од властите добивала негативен одговор.

„Ние како ИВЗ од 2001 година побаравме овој имот да ни се врати. Речиси 14 години талкаме по вратите на институциите, но овој имот не може да се врати бидејќи врз него е изграден Основниот суд Скопје“,појаснуваат од ИВЗ.

Поврзани новости