Гошев: Во 2015 ќе бидеме 1 милјарда евра во минус

by Фокус

Македонија, до наредната 2015 година, по основ на долгови ќе треба да врати една милијарда евра. За да ги сервисира долговите, оваа власт ќе продолжи да се задолжува, предупредува поранешниот гувернер, Петар Гошев, во интервју за новото издание на економската емисија “Тренд“, на телевизија „24 Вести“.

“Блефери како што се овие од власта не може да ни продаваат дисциплина, не може да ни продаваат одговорност кон граѓаните и кон јавните пари што секој ден ги собираат од овој сиромашен народ. До година за отплата ќе стасаат 1 милијарда евра и тие долгови ќе се пополнуваат со нови задолжувања. Сметам дека во моментов вкупниот Јавен долг е поголем од 50% од БДП, обвини  Гошев, кој додава дека уставните измени за ограничување на јавниот долг се трик на оваа Влада која, според него, историски е најавантуристичка во однос на јавните трошења и сега сака да глуми финансиска дисциплнина.

Новото издание на Тренд е во недела, 18 часот, на 24 Вести.

Поврзани новости