Полицаец од Кочани фатен како продава марихуана

by fokus 10:15
10:15

Полициски службеник од Кочани е фатен како продава 26,2 грама марихуана, известуваат од јавното обвинителство. Тој е задржан во полициска станица во Кочани и е изведен пред Судија на претходна постапка.

„Имајќи ги во предвид околностите, тежината на кривичното дело и запретената казна од три до десет години затвор, надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети условите за определување на мерка притвор од член 165 став 1 т.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Кочани во текот на вчерашниот ден, јавниот обвинител поднесе Предлог за определување мерка – Притвор кој е прифатен и со Решение на осомничениот му е изречен притвор во траење од 30 дена“, соопштуваат од обвинителството​

- Advertisements -

Поврзани новости