473
Во неделата по 19 часот на градскиот стадион во Штип непознато лице му ја турнало капата на еден од полицајците и го удрило по задниот дел од вратот. Полицаецот бил ангажиран да го чува редот и мирот на фудбалскиот натпревар меѓу „Брегалница“ и „Вардар“
Од МВР велат дека поради сомнение дека е можен сторител на наведенотокривично дело, од слобода е лишен Ф.Д.(32) од Скопје кој по обавениот разговор е ослободен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од полицијата.