461
Лидерите на четирите најголеми политички партии во петок ќе се сретнат во Виена, во обид да ја надминат политичката криза.
Како што објави АлсатМ, поканата треба да ја упатат тројцата европарламентарци кои и досега посредуваа во решавање на кризата – Едвард Кукан, Иво Вајгал и Ричард Ховит.
Исто така, предвидено е и присуство на еврокомесарот Јоханес Хан, кој неодамна најави дека ќе има уште еден обид за излез од политичкиот ќорсокак, како и амбасадорите на ЕУ и на САД во земјава, Аиво Орав и Џес Бејли.