ЗНМ го повика Груевски да ги вразуми неговите следбеници

by fokus 14:58
14:58

Здружението на новинарите на Македонија ја осудува кампањата на застрашување и понижување на новинари што последните денови во Скопје ја спроведуваат непознати лица инспирирани од воинствените изјави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој минатата недела ги повика етничките Македонци преку протести да ја спречат опозицијата да формира влада со партиите на Албанците.

„Кукавички е Груевски да ги инструментализира младите за изврзшување на валканите работи изложувајќи ги нив и нивните семејства на ризик за неговите политички интереси. Вчерашната примитивна провокација кон новинарот Борјан Јовановски, кој беше исплукан во ресторан и вознемирувањето во семејниот дом на новинарот Бранко Тричковски, е директен напад врз слободата на изразување.

Предупредуваме дека ваквите провокации можат да есклаираат во физичко насилство врз новинарите со несогледливи последици. Незамисливо е во 21 век во Македонија новинарите да бидат изложени на притисок и малтеретирање за јавно искажан став. Оваа срамна кампања има за цел да ги заплаши и замолчи новинарите и останатите граѓани и сите неистомисленици на власта. Груевски добро знае дека само неинформирани граѓани можат да бидат лесно манипулирани и вовлечени во конфликт.

Го повикуваме Груевски да престане со ширење на говор на омразам што поттикнува насилство и да ги вразуми и смири неговите следбеници. Овој повик се однесува и на сите политичари и јавни личности да се воздржат од ваков воинствен реченик. Апелираме да сите новинари и медиуми да известуваат професионално и да не долеваат масло на огнот. Само на тој начин ќе помогнат да се смират тензиите“, се вели во реакција на ЗНМ.

Поврзани новости