Една од политичките партии тврди дека група насилни милитанти од партијата на власт им врши притисок на граѓаните, за да не излезат да гласаат.
Од партијата бараат од министерството за внатрешни работи да создаде услови за граѓаните на Чаир кои гласаат на гласачкото место 2901 да излезат и слободно да ја изразат својата волја и политичка убеденост.
– Исто така бараме од Министерството за Внатрешни Работи на сите жители кои гласаат на гласачкото место 2901 да им ги вратат документите за лична идентификација. Имаме обезбедено информации дека на жителите кои живеат во оваа област им се одземени документите за лична идентификација од партиските милитанти на владејачката партија, а за се тоа била информирана и МВР – се наведува во партиското соопштение.