Села останува во коалиција со Заев

by Fokus

Алијансата за Албанците останува во владината коалиција, соопшти за МИА протпаролот на партијата Флакрон Беџети. Тоа било потврдено и  вчера на средба помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

– Средбата беше конструктивна, во позитивен дух, на која меѓу другото се разговараше за продолжување на реформите, со заедничка посветеност на реформската влада. Алијансата за Албанците продолжува да биде дел од Владата со оние позиции кои претходно беа договорени во составот на парламентарното мнозинство и создавањето на реформската влада – рече Беџети.

Поврзани новости