Политичари и експерти од светот ќе разговараат во Македонија за појавата на лажни вести

by fokus

Македонија ќе биде домаќин на дигиталниот самит за земјите од Западен Балкан кој ќе се одржи на пролет следната година, а кој ќе биде прв од ваков вид во регионот. Владата го договорила тоа во Сараево на состанокот на регионалниот совет за соработка.

Се очекува на самитот да присуствуваат високи гости од светот на политиката и технологијата. Ќе бидат отворени теми за дигиталните мрежи и услуги, за довербата и безбедноста, поврзувањето и пристапот, како и дигиталените вештини.

За појавата на лажните вести ќе биде организирана посебна работилница.

-Неизбежен дел од дигитализацијата, како четврта индустриска револуција стана појавата на fake news. За предизвиците од оваа област на самитот ќе биде организирана посебна работилница – изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Во рамки на самитот Владата ќе иницира дигитално поврзување на земјите од регионот.

Поврзани новости