Croatia Осигурување – Друштвото за животно осигурување минатата година ја заокружи со раст на премијата од 26.49% како лидер на пазарот за животно осигурување во Македонија. Дури 47% од полисите за животно осигурување во Македонија се потпишани од овој бренд. Во првиот квартал од 2016 година овој бренд бележи значителен пораст од 34,35% во сегментот на класично животно осигурување и 15% пораст на премијата за неживотно осигурување.
– Стратешка вредност на овој бренд е фокусот на клиентот. Токму затоа, компанијата заедно со НЛБ Банка почна стратешка соработка во делот на банко-осигурувањето, а од следниот месец ќе се нудат полиси за животно осигурување со кредитни производи од банката под значително поволни услови за клиентите – рече главниот извршен директор за Животно осигурување, Вилма Учета Дузлевска.
Во втората половина од 2016 година Croatia Осигурување – Живот на пазарот ќе понуди нов производ, рентно животно осигурување, со кој на осигурениците во вторниот пензиски столб во моментот на пензионирање ќе им понуди исплата на однапред дефинирани пензиски ануитети. Покрај програмот Сениор рента, Компанијата најавува и Стипендиска рента, програм прилагоден за младите генерации.
Претседателот на Управата на Кроациа осигурување г-дин Санел Волариќ му честиташе на тимот во Македонија за успешната работа и постигнатите одлични резултати осврнувајќи се на развојот на Групацијата во регионот.
„Во претходните две години Кроациа Осигурување помина низ трансформација која нас ни овозможи стабилно и одржливо темелно работење и создавање на нова синергија со членовите на Групацијата. Во иднина пред нас е амбициозен план на раст на приходите и профитабилноста како продолжување на процесот за изградба на пазарно ориентирана корпоративна култура. Со понатамошниот развој на нови производи и нови канали на продажба ќе излеземе во пресрет на потребите на клиентите, бидејќи наша цел е да бидеме достапен, брз и сигурен партнер, изјави Волариќ.
Главниот извршен директор на Кроација осигурување Неживот Гоце Вангеловски истакна дека во првиот квартал од годинава има раст на имотното осигурување од 34 отсто, а бројот на нови клиенти е пораснат за 20 отсто.