Бејли: Пржинскиот договор ги преживеа опструкциите

by Фокус

Договорот од Пржино е жив, а аболицијата треба да се повлече јасно и сеопфатно, вели за амбасадорот на САД во изјава за Дојче Веле Џес Бејли.

– Неговите фундаментални елементи – одговорност за скандалот со прислушквањето, инклузивен политички процес особено во Собранието и реформи кои водат кон веродостојни избори остануваат најдобриот начин за излез од сегашната политичка криза и кон интеграција во ЕУ и НАТО. Никој не кажал дека спроведувањето на договорот ќе биде лесно и навистина имаше многу одложувања и опструкции. Сепак, една година подоцна, СЈО ги истражува прислушуваните разговори и наводите за сериозни злоупотреби кои произлегуваат од тие разговори. Се основаше понезависна ДИК и се воведоа реформи во Изборниот законик – вели амбасадорот Бејли.

Сепак, амбасадорот порачува дека преостанува уште многу работа и дека специјалната јавна обвинителка мора да биде во состојба да ја изврши својата работа без мешање.

Поврзани новости