ВМРО-НП бара секоја партија сама да оди на избори

by Фокус 12:16
12:16

Во период на намалена активност на партиите во решавањето на политичката криза во Македонија, создадени се поволни услови за прифатлив договор меѓу партиите за една изборна единица и забрана за предизборно коалицирање, со што ќе се донесе најдоброто решение за одржување фер и демократски избори, сметаат од ВМРО-Народна партија предводена од Љубчо Георгиевски.

„Постојниот Закон за избори е дискриминаторски во однос на малите политички партии, поради што тие се принудени да влезат во коалиција со големите партии и притоа да ги изгубат својот партиски суверенитет и идеологија. Нашето барање претставува најсигурен пат до вистински плуралистички состав на парламентот, со што ќе се обезбеди трајна и широка демократизација на општеството“, сметаат „народњаците“.

Поврзани новости