Судијата Тарек Битар, кој ја истражува експлозијата во пристаништето во Бејрут, во 2020 година, денеска продолжи да ги предизвикува либанските власти покренувајќи обвинение против главниот обвинител во земјата, само еден ден откако обвини двајца влијателни шефови на безбедносните служби.
Покрај огромниот политички притисок на кој е изложен, истражниот судија, по пауза од една година вчера на изненадување на сите реши да ја продолжи истрагата за експлозијата во која загинаа 200 лица, а 6.500 други лица беа повредени.
„Истрага за пристаништето: Тарек Битар полуде“, вчера беше главниот наслов во дневниот весник „Ал-Ахбар“, близок до моќниот проирански Хезболахм што го контролира политичкиот живот во Либан.
Битар пред Апелацискиот суд го обвини главниот државен обвинител Гасан Уеидеате и седум други лица, вклучително и тројца судии, за „убиство“, што е прв таков случај во Либан, изјави денеска судски функционер, пренесен од француските медиуми.
Реагирајќи на обвинението, државното обвинителство на Либан денеска ги отфрли сите обвиненија од истражниот судија.