Бугари кои се членови во социјалната група ,,Бугари од Македонија” започнаа онлајн петиција со која бараат одземање на бугарско државјанство на лица од Македонија, кои ширеле омраза кон Бугарија.
Како што е наведено во петицијата, групата ги повикува сите владини и невладини организации да се приклучат кон петицијата, да им се одземе бугарското државјанство на граѓаните на Северна Македонија, кои денес ширеле омраза кон Бугарија.
Петицијата веќе има стотици потписи, а во коментари многумина порачаа дека треба јавно да бидат објавени имињата на сите од Македонија кои имаат бугарски пасоши, посебно ако помеѓу нив има и политичари.
-Ова е прашање за Реферндум, пишуваат голем број на Бугари кои се членови во групата ,,Бугари од Македонија”, а чести се и коментарите да се објават имињата на Македонци кои со бугарски пасоши живеат во ЕУ.
-Ако им се одземат бугарските пасоши на Македонците кои живеат и работат во ЕУ, бидете сигурни дека тие самите ќе ја принудат својата Власт да го смени тонот кон Бугарија, и многу бргу ќе ги вметнат Бугарите во Уставот! – е еден од коментарите на темава.
Покрај тоа што петицијата за кратко време има многу потписи, исто така има и многу споделувања на социјалните мрежи.
Вики Клинчарова