417
Егзекутиран е севернокорејскиот вицепремиер Ким Џонг-џин, одговарен за образованието, поради „непочитување“ на лидерот Ким Џонг-ун, јавија светските агенции цитирајќи го јужнокорејското Министерство за национално обединување.
Вицепремиерот бил погубен, бидејќи задремал за време на состанок кој го водел претседателот Ким Џонг-ун.
Во соопштението се наведува дека вицепремиерот „го предизвикал гневот на претседателот Ким затоашто задремал за време на состанок, поради што е уапсен на самото место и приведен на интензивно испитување во Министерството за државна безбедност.