Членовите на ад хок телото ќе се обидат да го изберат петтиот член пред лидерската средба

by fokus

Четворицата членови на ад хок телото за следење на медиумите денеска повторно ќе се обидат да го изберат последниот, пет член кој треба да биде Албанец. Тоа ќе се обидат да го направат пред да почне лидерската средба која е закажана за 13:30 часот.

Рокот за избор на петтиот член истече уште минатата недела, а веќе избраните членови по предлог на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не можат да постигнат консензус за негов избор.

Вчера, еден од преостанатите кандидати во трката, Даут Даути, се повлече. Тој со писмо ги извести веќе избраните четворица членови дека не сака да биде пречка за одржување на изборите.

Поврзани новости