1.1K
Во присуство на семејството, пријателите, средношколските другари од Тетово и уште стотина сограѓани денеска на гробишата во Ѓорче Петров беше погребан матурантот Анѓел Петковски. Осумнаесетгодишникот беше убиен во понеделникот во инцидентот што се случи крај очната болниза „Св.Лазар“ во Ѓорче, откако Анѓел и неговиот татко имале расправија со крадецот на нивниот велосипед, 19-годишно момче од Скопје.
По синоќешните немири во оваа скопска населба денеска можеше да се забележи присуство на полицијата и тоа пред самите гробишта во Ѓорче Петров.