Поглаварот на ИВЗ може кривично да одговара ако ги повика верниците да се молат во џамии за време на пандемија, велат од Обвинителство

by Fokus

Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи може кривично да одговара како повикувач за кршење на владините мерки за забрана на движење во екот на пандемијата со коронавирус, ако ја оствари заканата дека ќе ја повлече одлуката верниците да се молат дома место во џамија, реагираат од Обвинителството.

Освен Реџепи, по член 206 од Кривичниот законик, велат од Јавното обвинителство, ќе одговараат поединечно и верниците од муслиманската вероисповед кои ќе бидат затекнати во џамиите ширум земјава, зашто владата со заострување на мерките забрани групирање на повеќе од 2 лица надвор од домовите.

 

Поврзани новости