Четири медицински сестри меѓу 13 новозаболени од корона вирус во Куманово

by Fokus

Четири медицински сестри од Општата болница Куманово, се меѓу 13 новозаболени од коронавирус во Куманово, потврдија од Центарот за јавно здравје.

Бројот на заболени во Куманово секојдневно се зголемува, па дури и најголемиот број на смртни случаи се од овој град. Меѓу нив е и 27-годишната родилка која вечера почина на скопската Инфективна клиника.

Исто така, најголема бројка на заразени здравствени работници се од Кумановската општа болница.

Во текот на денешниот ден има 46 нови случаи од корона вирус, со што досегашната бројка дотигна 663 заразени.

Поврзани новости