Поради заразени медицински сестри и акушерки да се затвори Гинеколошкото одделение во кумановската болница

by Fokus

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово, побара од Министерството за здравство да го затвори гинеколошко-акушерското одделение во Кумановската болница, откако денеска се регистрирани позитивни случаи на коронавирус на медицински сестри и акушерки од ова одделение.

„Бараме од Министерство за здравство и Комисија за заразни болести времено да се затвори Гинеколошко-акушерско одделение во Општа болница – Куманово, поради новонастанатата состојба со зголемен број на здравствени работници кои се позитивни на тестовите за КОВИД- 19 и воедно да се изврши итна контрола на останатите болнички капацитети во Општа болница – Куманово, да се направи проценка за ризикот и да се овозможи непречена функционалност на останатите оддели во Болницата, како и да се обезбеди дополнителен капацитет на стручни лица во ЦЈЗ – Куманово“, соопштуваат од кризниот штаб.

Поврзани новости