1
Од полноќ поевтинуваат горивата – дизелот за 2,5 денари за литар, а бензините за 2 денари за литар. Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство за три денари за литар.
Регулаторната комисија за енергетика одлучи новата цена на Еуросупер БС-95 да биде 84 денари за литар, а Еуросупер БС-98 да се продава во следните сеудм дена по цена од 86 денари за литар.
Дизелот од полноќ ќе се точи по цна од 92 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по цена од 100,50 ден/лит.
Намалување има и кај мазутот кој ќе се продава по цена од 48,314 ден/кг.