1
МВР информира дека рано утринава во 00:30 часот во СВР Скопје, Л.Љ.(29) пријави дека во периодот од 13 до 15. овој месец во с. Визбегово, скопско, со употреба на сила било влезено во куќа и одземени биле злато, пари и клучеви од две патнички возила.
Потоа, според пријавата, со одземениот клуч било одземено патничко возило „дачиа“, сопственост на МЕПСО.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.