Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 80,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 80,00 ден/лит.
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 80,50 (денари/литар)
– Масло за горење- Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 80,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 46,001 (денари/килограм)
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,290 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,001 ден/кг.