413
Министерот за внатрешни работи, Агим Нихиу, денеска имаше средба со претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, по која информираше дека СВР Скопје поднел кривична пријава против еден од напаѓачите на екипата на А1он на протестот на иницијативата „За заедничка Македонија“.
-Никој не е над законот, секој еден ден ќе сносни одговорност. Ние мора да ги почитуваме уставните вредности , државните и демократските институции, изјави Нухиу.
Тој додаде дека СВР Скопје во наредните денови ќе поднесе кривична и против други лица кои се осомничени во случајот.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, оцени дека Нухиу воведува нова практика, бидејќи МВР за прв пат во кратко време идентификува напаѓач на новинар.