Организацијата Банка за храна во соработка со општина Струмица и партнер здружението Организација на жени доделија два тона храна на социјално загрозените семејства во Струмица.
Од Банката за храна велат дека од идната година планираат воведување системско решение за оваа акција.
– Традиционално во овој период делиме пакети за социјално загрозените семејства. Малку да им компензираме и да им ја ублажиме ситуацијата. Нашите интенции се од селдната година со локалните власти од Струмица, да воспоставиме системско решение. Ние сме членка на Евроспакта банка за храна, па сакаме тој систем да го прилагодиме и да го имплементрираме тука. Ја имаме поддршката и од премиерот Заев, со кого од Струмица го воведовме овој проект, да овозможиме барем еднаш месечно, најзагрозените да добиваат помош, рече Душко Христов од Банка за храна.
Освен во Струмица, проектот се спроведува и во општина Центар, Арачиново, Кавадарци и Кочани, а во најава е општина Куманово.