Новиот министер Филипче направи увид на градежните работи во струмичката болница

by fokus

Новиот министер за здравство, Венко Филипче, денеска ја посети општата болница во Струмица и изврши увид во градежните работи на новото крило во оваа здравствена установа, информираа од министерството.

-Новото болничко крило се простира на површина од 6.500 квадратни метри, каде ќе бидат сместени најсовремен Ургентен центар и уште осум болнички одделенија, се вели во соопштението.

Во рамки на посетата, министерот Филипче остварил средба со раководството на струмичката болница, на која, меѓу другото станало збор и за унапредување на Интервентната кардиолошка служба.

Поврзани новости