Мицковски порача дека ќе прави внатрешни промени во ВМРО-ДПМНЕ

by fokus 17:41
17:41

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во новогодишното обраќање повика да се стави крај на, како што вели, политичкиот притисок и одмаздата.

-Македонија мора да оди напред. Следете ме и оваа нова година ќе биде година на нова надеж, и година кога граѓаните ќе ја препознаат вистинската енергија која може да направи подобра иднина за сите. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи и внатрешни промени. И ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од порано. Дозволете на секој од вас, да му посакам лична среќа и пред се добро здравје. Сакајте ги блиските, нека новата година донесе исполнување на вашите планови на личен и професионален план, но пред се љубов, разбирање и напредок во семејството. Нека Ви е среќна и успешна новата 2018та година, рече Мицковски.

Поврзани новости