Поддржувачи на ДУИ со пиштоли ја слават победата во Чаир

by Фокус

Приврзаници на ДУИ со истрели од огнено оружје на плоштадот Скендер бег ја слават победата на Висар Ганиу, кој, според партискиот штаб на интегративците, ќе биде нов градоначалник на Чаир.

Како што објави телевизијата Телма, пред да говорат Ганиу и шефот на изборниот штаб, Бујар Османи, славеници испукале цели жаржери во воздух.

Притоа, дел од куршумите завршиле во долниот дел од катот на плоштадот, па парчиња бетон паднаа врз Ганиу и Османи.

Поврзани новости