576
Речиси сите 98 шумски пожари во Турција се локализирани, изјави министерот за земјоделство Бекир Пакдемирли. Десет пожари продолжуваат да горат во регионите Анталија, Ајдин, Муглу и Османије.
Во пожарите загинаа шест лица и предизвикаа голема материјална штета, при што изгореа илјадници хектари земјоделско земјиште.
Претходно, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган прогласи вонредна состојба во областите погодени од пожарите, нагласувајќи дека државата ги мобилизирала сите можни сили за гаснење на огнот и санирање на последиците.
Според експертите, една од главните причини за пожарите во шумските области е високата температура во регионот и силните ветрови кои придонесуваат за ширење на огнот.