Расте бројот на заразени, денеска се регистрирани 81 нови случаи на Ковид 19

by Fokus

 

 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 5.315 тестирања, а регистрирани се 81 нови случаи на Ковид-19.

Од заразесните најмногу се од Скопје – 27 и Тетово – 25,  потоа во Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево – по 2, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје – 3, Куманово – 2, Гостивар и Прилеп – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.

Вчера беа регистрирани 74 нови случаи, најмногу во Скопје и во Тетово

 

 

Поврзани новости