Под клуч фабричката менза на германската Кромберг и Шуберт, затруени повеќе лица

by Fokus

Седум лица со симптоми на труење со храна се примени во дневната болница во битолската Клиничка болница „Трифун Пановски“, потврдија за „Фокус“ од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Од таму додаваат дека лицата се затруле од фабричката менза во германската компанија „Кромберг и Шуберт“, при што мензата е ставена веднаш по клуч.

Во текот на утрешниот ден во болницата се најавени уште осум лица со истите симптоми од Прилеп.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ потпиша договор со германската компанија „Кромберг и Шуберт“ во декември 2011, а две години подоцна, во октомври 2013 беше отворена фабрика за производство на кабли за автомобили лоцирана во индустриската зона Жабени, близу Битола.

ОД ДСЗИ повеќе детали најавуваат во текот на утрешниот ден.

И.М.

Поврзани новости