516
Од 18 часот започна уште еден протест од Шарената револуција. Фокусот на денешниот протест се изборите на петти јуни на кој ќе учествува само владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Шарените демонстранти бараат избори да нема, бидејќи тие се против вакви избори на кои всушност ќе нема избор. На чело на колоната е транспарент на кој пишува „Еднопартиски избори?“
Граѓаните кои се дел од денешниот протест веќе се движат кон Собранието на Република Македонија, а најверојатно и денешниот протест ќе заврши пред Владата.