„Кога ние се бунтуваме е насилство, кога тие крадат е бизнис?“

by Фокус

Откако се собраа пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, демонстрантите ја продолжија својата стандардна марушта и во моментов се пред Собранието. Неколку активисти се обратија пред граѓаните кои протестираат и порачаа дека нема да се откажат од своите барања и протестите нема да престанат.

-Власта ја легализира својата диктатура. Кога ние се бунтуваме тоа е насилство, а кога тие крадат од нашите пари, тогаш тоа го нарекуваат бизнис. Ова не е правна држава. Дури и со еднопартиски избори граѓаните не се без избор: Со бунт ќе ја браниме слободата. рече во своето обраќање една активистка.

Од Собранието, демонстрантите ќе се упатат пред Министерството за надворешни работи, а протестот ќе заврши пред Владата.

soooobbb soobb