628
Од 18 часот граѓани почнаа да се собираат пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство од каде почнува протестот организиран од граѓанското движење „Протестирам“.
Се очекува наскоро демонстрантите од пред СЈО да се упатат кон Собранието на Република Македонија, а потоа и пред Влада. Вчера не им беше дозволено да протестираат пред Собранието, бидејќи таму контра-протест организираше ГДОМ.