Светска банка ги стопира кредитите за Македонија

by Фокус

Се додека не се одржат кредибилни избори, Светска банка го стопира процесот на кредитирање за подобрување на општинските услуги во Македонија.

Дипломатски избори за БИРН брифираат дека оваа меѓународна финансиска институција ја прекинала втората фаза од програмата со која требало да се обезбедат заеми за 57 општини во Македонија.

„Бордот на директори на Светска банка даде инструкции во Скопје да не се продолжува втората фаза од програмата додека не се одржат кредибилни избори во земјата“, вели дипломатски извор за БИРН.

Овој заем бил предвиден за инвестиции во инфраструктурата или изградба и доградба на локални патишта, канализациони мрежи и друга општинска инфраструктура.

Поврзани новости