Демонстрантите пред Агенција за медиуми: Ова беше парк!

by Фокус 18:18
18:18

Откако демонстрантите од СЈО поминаа пред ЕУ инфо центар, се упатија кон новата барокна зграда на Агенцијата за медиуми, којашто се наоѓа спроти Рамстор. Пред зградата има полициско обезбедување.

Граѓаните извикуваат „Ова беше парк“, бидејќи пред да се изгради барокната зграда беа исечени дрвјата и уништен паркот кој се наоѓаше на тоа место. И тогаш имаше граѓани ои се противеа на ова, па со жив штит го бранеа паркот, но едно утро со специјалци таканаречените „Паркобрани“ беа исфрлени од местото, по што беше изградена зградата.

ra

- Advertising -

Поврзани новости