Димитров: Подготвени сме да влеземе во НАТО под привремената референца

by fokus

Република Македонија, согласно времената спогодба е подготвена да прифати покана под    привремената референца која се користи во ООН за да влезе во Алијансата, изјави денеска македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во пресрет на утрешната средба со неговиот грчки колега.

-Тоа е согласно со времената спогодба и со според Меѓународниот суд во Хаг. Убедени сме дека тоа ќе придонесе кон содавање на разбирање во нашата јавност, зошто кога го блокирате својот сосед долги години, реакцијата е дефанзивност, изјави Никола Димитров.

Грчкото МНР потврди дека Коѕиас утре освен со Димитров ќе се сретне и со претседателот Иванов, премиерот Заев но и со вице – премиерот, одговорен за односи со ЕУ, Бујар Османи, како и со претставници на парламентарните партии.

Поврзани новости