556
Лошото време не ги обесхрабри голем број граѓани и вечерва да излезат на протест, кој како и секогаш го започнаа од пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.
Демонстрантите носат главна парола „Нема да ви помине”, со која и вечерва ќе порачаат дека не прифаќаат селективна правда и ќе бараат целосно поништување на аболицијата.
Демонстрантите донесоа кукли на кои се залепени ликовите на екс премиерот Никола Груевски, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, екс шефот на УБК Сашо Мијалков и Мартин Протогер. Куклите се облечени во затворски алишта, портокалови или на пруги, а носат и лисици на рацете.
Граѓаните скандира „Робија за мафија” и „Нема правда нема мир” и се упатија накај Собрание.