370
Од денеска до 10 јуни ќе се спроведува екстерното тестирање за оваа учебна година кое ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.
За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. За предмет застапен со еден час неделно генерирани се 100 прашања, за предмет со два часа неделно 200 прашања, за предмет застапен со три часа неделно 300 прашања.